
За граѓанските организации ресурсите од граѓаните и бизнисите во било кој облик (пари, материјални добра, волонтерски ангажман итн.) се особено значајни бидејќи го зајакнуваат легитимитетот на организациите, нивната видливост и имиџ во јавноста и ја подобруваат финансиската одржливост.
Бизнисите и граѓаните донираат, но организациите и граѓанските иницијативи ретко им се обраќаат и бараат од нив, или пак лесно се обесхрабруваат.
Во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, Конект го пренесува своето стручно знаење за да ви помогне чекор по чекор да направите успешен модел за прибирање средства и поддршка од локални извори. Затоа, пријавете се за обука.
Граѓански организации (здруженија и фондации), грас-рут организации [1], социјални претпријатија, граѓански иницијативи и групи во заедниците (формални и неформални). Учесниците ќе работат во парови (по двајца претставници) и бројот е ограничен. Обуката е на ПОЧЕТНО НИВО и е наменета за учесници што ги исполнуваат следните критериуми за учество:
Во случај на голем интерес, а поради ограничениот капацитет на просторот, ќе се примени селекција. Во тој случај, предност имаат организции што аплицирале за донаторскиот кружок во 2024 год. и организации со Ознака за доверба што ги исполнуваат критериумите за учество. За сите коишто ќе аплицираат, ќе ги имаме предвид потребите на организациите и ќе понудиме различни форми на поддршка од Конект.
Обуките од почетно ниво траат 3 работни дена. Обуките ќе опфатат околу 30 учесници од 15тина организации и иницијативи. Првата тридневната обука ќе се одржи од 10ти до 12ти јули 2024 год. (среда, четврток и петок) во хотелот Изгрев, Струга, а втората тридневна обука ќе се одржи од 4ти до 6ти септември 2024 год. (среда, четврток и петок). За локацијата на втората обука ќе бидете дополнително известени. Патните трошоци и трошоците за сместувањето ќе бидат покриени од организаторот.
Препорачуваме учесниците кои се во можност да присуствуваат на обуката во јули, да го искористат првиот термин, поради тоа што местата за обуката во септември се ограничени.
Пополнете го прашалникот достапен овде. Крајниот рок за пријавување за првата тридневна обука е 02.07.2024 година, а за втората тридневна обука е 26.08.2024 година. Секој тим ќе биде известен за исходот. Една организација/иницијатива учествува со тим од најмалку 2, а најмногу 3 претставници по одобрување од организаторот.
Слободно контактирајте со Никола Трајковски, помлад програмски соработник во Конект на 071-399-603 или nikolat@konekt.org.mk. Дополнителни информации можете да добиете од Виктор Мирчевски, Програмски директор на Конект на 02/3224 198, 071 20 66 33 или viktorm@konekt.org.mk.
[1] „Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерски-базирна, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници“ – Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005
КОНЕКТ
ул. „Ристо Шишков” 12-1/4
1000 Скопје, Северна Македонија
тел: +389 2 3224 198
e-mail: konekt@konekt.org.mk
www.konekt.org.mk