Покана за добротворна модна аукција

17 октомври 2023 | 13:30

Забава, мода и филантропија!

Ве покануваме на добротворна модна аукција на дизајнерски облеки од Prêt-À-Porter & Haute Couture во друштво на филантроп(к)и и вљубеници во модата. 12 истакнати домашни дизајнерки и дизајнери ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и донираа прекрасни модни дела за овој настан.

Ќе имате можност да наддавате за вашето омилено парче и да придонесете за подобар живот во нашите заедници. Сите средства ќе се вложат во донаторскиот фонд на Конект за организации што посветено и транспарентно работат на промена во животите на нашите сограѓани за подобра едукација, достоинствена работа, вклученост на најранливите и добро здравје.

Модната аукција ќе се одржи в среда 01.11.2023 од 20ч во Скопје, Intermezzo. Водителка на настанот е г-а Ирена Спировска, а аукцијата ќе ја води гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“ г. Огнен Јанески.

Бидете модни филантропи и донирајте од срце ❤

RSVP <<овде>> или на konekt@konekt.org.mk

Модната аукција се спроведува во рамки на УСАИД проектот „Партнерства за донирање“.