
Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на експерт за ПР и стратешки комуникации
Општи информации за проектот
Проектот „Промени за одржливост“ е насочен кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации во Северна Македонија преку унапредување на законската и институционалната рамка, намалување на административните пречки и поттикнување на домашното финансирање на граѓанскиот сектор. Проектот го спроведуваат Здружение Конект и Младинската асоцијација ИМКА Битола. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Проектот се спроведува во периодот од 01.01.2026 г. до 31.12.2026 г.
Проектот одговара на еден од клучните предизвици со кои се соочуваат граѓанските организации, а тоа е обезбедувањето долгорочна финансиска стабилност во услови на намалена странска донаторска поддршка и ограничени можности за локално финансирање. Преку соработка со институциите, финансиските институции, компаниите и граѓанските организации, проектот работи на создавање поповолни услови за донирање, подобрување на пристапот до финансиски услуги и зајакнување на механизмите за застапување во областа на финансиската одржливост.
Целни групи:
Детали за ангажманот
Во рамки на проектот „Промени за одржливост“ ќе се реализираат комуникациски и застапувачки активности насочени кон подобрување на финансиската одржливост на граѓанските организации, унапредување на условите за донирање и полесен пристап до финансиски услуги. Со цел зголемување на јавната видливост на проектните резултати, поддршка на застапувачките процеси и промоција на предложените законски промени, предвиден е ангажман на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации кој/а ќе обезбеди стручна поддршка во областа на комуникациите, медиумите и јавното застапување.
Деталниот опис на задачите на експертот/експертката се достапни во Условите за работа (ToR).
Задачи на експертот
Избраниот/ата експерт/ка ќе биде одговорен/на за:
Очекувани резултати
Потребни квалификации
Експертот/експертката треба да ги исполнуваат следните услови:
Временска рамка
Ангажманот е планирано да се реализира до 30.11.2026 година.
Расположив буџет
Максималниот буџет на располагање за целиот ангажман е 187.500 денари за ангажман од 15 (петнаесет) денови.
Евалуација
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Изборот на најсоодветниот понудувач ќе се врши врз основа на критериумот најниска цена за најдобар квалитет.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Понудата со бараната документација се доставува по електронски пат на мејлот contact@ymca.mk (и мејлот konekt@konekt.org.mk во СС ) или во затворен коверт во архивата на Младинска асоцијација ИМКА Битола (ул.Крушево, бр.5 7000 Битола, С. Македонија), со назнака „Повик за ангажман на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации за проектот„Промени за одржливост“.“
Понудата треба да се достави најдоцна до 13.08.2026 година (четврток) до 17 часот.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на здружението „Конект“ и Младинската асоцијација „ИМКА Битола“ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја ја спроведуваат.