
Награди: Предводници на Целите за одржлив развој
наменети за компании и поединци од компании
Се повикувааат компаниите и поединците од компании кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и заедницата и придонесуваат кон исполнување на најмалку една цел од вкупно 17 Цели за одржлив развој [1] да се пријават на овој јавен повик.
Наградите за предводници на Целите за одржлив развој ќе се доделуваат за спроведени практики во последните 3 години. Критериумите за подобност се поделени во 3 категории и тоа:
Пријавувањето е по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk до 28-ти мај 2021 година.
Апликациите можете да ги преземете на следниве линкови:
За насоките за аплицирање и процесот посетете го линкот подолу:
Наградите се доделуваат од „Конект“ во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор во Северна Македонија“[2] Селекцијата и проценката на квалитетот на на пријавите, како и изборот на најдобрите во 3-те категории ќе ја врши комисија. Комисијата го задржува правото да додели 10 или помалку награди во трите категории.
По изборот, наградените ќе бидат известени и поканети на гала промоција за доделување на наградите и ќе можат да ги споделат своите инспиративни примери со претставници на бизнис секторот и другите чинители. Конект ќе се грижи за промовирање на наградените и ќе ги поддржи во идни активности со кои ќе придонесат кон остварување на Целите за одржлив развој.
Оваа година по втор пат ќе се доделуваат награди од ваков тип наменети за поединци вработени во компании и компании кои се предводници на Целите за одржлив развој во земјава. Кон овој јавен повик се приложени насоки за аплицирање и формулари за пријава.
Годишниот план за работа на Конект е поддржан од Цивика Мобилитас.
[1] Целите за одржлив развој се усвоени од 193 држави во Обединетите нации во и претставуваат визија за одржлива иднина и нудат можност за нова димензија на бизнис секторот. Тие претставуваат нова ера за компаниите кои се посветени и отворени за нови предизвици.
[2] Глобалниот договор на Обединетите нации е најголемата светска иницијатива за корпоративна одржливост