Институционален грант – Цивика мобилитас

15 јули 2020 | 16:11

Специфични цели на грантот

  • Подобрени регулативи што овозможуваат компаниите и граѓаните да бидат општествено одговорни и да донираат во ГО и што го олеснуваат финансиското работење на ГО.
  • Зголемен граѓански ангажман преку донирање и волонтирање во ГО.
  • Само-регулација на ГО за зголемена доверба кај граѓаните и компаниите.
  • Вклучување и учество на ГО (особено помали и надвор од Скопје) во креирање на политиките важни за нивен развој. 

Очекувани резултати

  • Подобри даночни бенефиции за компаниите и граѓаните што донираат во ГО. 
  • Компаниите, граѓаните и ГО полесно го користат ЗДСЈД.  
  • Поднесени предлози за измена на регулативата кои ги одразуваат ставовите и потребите на ГО.
  • Граѓаните и компаниите здружено донираат во ГО преку „live crowd funding“. 
  • ГО се поврзуваат со компанииите за постигнување општествена промена.  
  • Вработените од компаниите волонтираат во локалните заедници.  
  • Целите за одржлив развој на ОН промовирани како можност за зголемен граѓански ангажман. 
  • Јавноста ја препознава Ознаката за доверба како бренд на организации на кои граѓаните и бизнисите можат да им веруваат.   
  • ГО се стекнуваат со Ознаката за доверба како механизам за само-регулација. 
  • Граѓанските организации се вклучени во формалниот процес на носење политики важни за нивното финансиско работење.

Имплементатори

  • Носител: Здружение Конект Скопје

Времетраење

01 јули 2020 – 30 јуни 2022

Вкупен буџет

  • Вкупен буџет на проектот: 64,932.05 €

Локација на спроведување на грантот 

На ниво на Република Северна Македонија.

Донатор и грантова шема

  • донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
  • грантова шема: ЦМ-ИНС-05