

Почитувани,
Социјалните претпријатија сѐ уште чекаат правно препознавање и соодветна поддршка.
Пред повеќе од 10 години се изработи првиот нацрт текст на законот од кој социјалните претпријатија имаат големи очекувања.
Низа организации, проекти и засегнати страни дадоа свој придонес.
Во моментов има нова верзија на предлог на Закон за социјални претпријатија објавена на ЕНЕР
со можност за коментирање. За да придонесеме ве покануваме на:
ЈАВНА РАСПРАВА за нацрт Законот за социјални претпријатија
📅 11.03.2026 📍 Граѓански ресурсен центар, Скопје (<<линк до локација>>)
⏰ Почеток: 10:00 часот и завршување во 12:00 часот
Пријавете го вашето учество на следниот <<линк>>.
Преку Мрежата за финансиска одржливост што брои 128 членки продолжуваме да застапуваме за силни социјални претпријатија.
Вашиот став ни значи за да придонесеме за подобро законско решение.
Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“
што го спроведува здружението Конект во партнерство со фондација Аполонија.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Во прилог предлогот на Законот за ваша подготовка. Дневниот ред ќе биде наскоро споделен.
Останатите материјали објавени на ЕНЕР можат да се најдат на следниот <<линк>>.
Со почит,
Никица Кусиникова
извршна директорка на Конект
претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
КОНЕКТ
ул. „Ристо Шишков“ 12-1/4
1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: 02 3224 198