
Донаторски настан и забава во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ за празнично издание на „Старата скопска игранка“. Влезот е слободен за сите. Настанот ќе се одржи со почеток во 19 часот, а по повод 13. ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Забавата ќе има хуманитарен карактер. „Лабораториум“ заедно со академското друштво „Делта Му Делта“ при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, ќе организираат и акција за донации во соработка со граѓанската организација „Конект“.