Шестиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 12.06.2025 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот.
Потврдете го вашето присуство <<овде>> и дојдете заеднички да ги поддржиме трите иницијативи што се претставуваат на кружокот. Годинава на донаторскиот кружок ќе биде доделен и грант за поддршка на засегнатите сограѓани од трагедијата во Кочани од средствата од наменскиот донаторски фонд.
На донаторскиот кружок ќе донираме за:
ХОПС – Опции за здрав живот: 70% од младите експериментираат со дроги, а не знаат како да се заштитат во ризични ситуации. Донирај за стручните лица на „ХОПС“ да станат први другар(к)и во ноќните клубови, парковите и фестивалите. Да одговорат на сите скришни прашања со проверени информации, да помогнат и отворат можност за поддршка. Направи ја младешката љубопитност безбедна и поддржи здрави животни избори.
Здружение До бебе по пат на ин-витро: Имаме сѐ помалку новороденчиња. Животот е во расчекор со биолошкиот часовник, па науката често мора да помогне за да се создаде нов живот. Од редовни инјекции, низ административни лавиринти и многу обиди одново – патот на биофертилизација не е лесен. „До бебе по пат на ин-витро“ им помага на 70 сограѓан(к)и да си ја остварат желбата да бидат мама или тато. Донирај за бебенцата што сѐ уште се на пат.
Здружение на лица со дијабет Охрид: Расте бројот на деца со дијабет. Кога слатките задоволства се строго забранети, а времето се мери во инсулински дози детството станува поинакво. Донирајте за 500 основци да научат да го чуваат своето и здравјето на другарчињата со дијабет. Така грижата ќе биде споделена, здравата храна „ин“, а во училниците ќе има и кутии за итни случаи со сѐ што е потребно за брза реакција на наставниците. Донирај за „Здружение на лица со дијабет Охрид“.
Придружи се. Испланирај. Донирај.
Се гледаме на донаторски кружок 2025. ❤️
