
Конект и Моден Викенд Скопје со поддршка на Амбасада на Франција во Скопје со задоволство ве покануваат на традиционалната
добротворна модна аукција
вторник, 04.11.2025 од 19 ч. во Скопје, во
Diamond of Skopje, Carat Office (мапа достапна овде)
❤
R S V P
Потврдете го вашето присуство
<<овде>> или на konekt@konekt.org.mk
Бидете модни филантроп(k)и и донирајте од срце!
Донаторска влезница 500 ден. на местото на настанот.
Погледнете го каталогот од добротворната модна аукција <<овде>>.
À très bientôt, chers amis de la mode et de la solidarité!
До скоро видување, драги пријатели на модата и солидарноста!
Овојпат, на нашите најпознати дизајнерки и дизајнери се придружија и вдахновени уметници на занаетите, како и нови имиња. Донираа прекрасни дела за коишто вие ќе наддавате на аукцијата. Донираните средства ќе бидат наменети за донаторскиот фонд на Конект кој продолжува да ги поддржува:
Ве покануваме да бидете дел од нашето друштво на филантроп(к)и и вљубеници во модата. Водители на модното шоу и аукцијата се Ана Зафирова и Огнен Јанески. Да наддаваме заедно и да ги здружиме донациите за влијателни промени. RSVP <<овде>> или на konekt@konekt.org.mk. Донаторска влезница со пијалак и DJ сет: 500 ден на местото на настанот.
Каталогот на модната аукција ќе биде дополнително споделен и ќе содржи креации на:
Дизајнери: ✦ Никола Булески ✦ Никола Ефтимов ✦ Лидија Георгиева ✦ Изет Цури ✦ Силвија Михајловска (Алшар) ✦ Ирина Тошева ✦ Олгица Ѓоргиева ✦ Катерина Тошева ✦ „MilkDesign”(Антонија Гугинска Јорданоска) ✦ Терзија (Наталија Терзијоска) ✦ “Be.” ✦ Нови модни имиња: Радмила Давидовиќ Настев ✦ Снежана Ефкоска ✦ Ивана Груевска
Занаетчии и уметници: ✦ Марта Поп Антоска („M Art Gallery”) ✦ Александра Ристовска („MORPHO”) ✦ Марија Таировска („Marcy’s Handmade”) ✦ Александар Стојанов-Зорин ✦ ESNAF ✦ „Народни носии” ✦ Љубица Солак ✦ Мирјана Јосифоска.