
Организирање на самоиницијативна акција во која ќе бидат активно вклучени млади ентузијасти и училишта кои би ја поддржале со прибирање зимница (тегли), активно подготвување зимница и нејзино донирање на магринализирани групи на граѓани. На тој начин работиме на зачувување на македонската традиција, но ја поттикнуваме и солидарноста и граѓанската одговорност. Поддршка ќе биде добредојдена и во вид на облека и друг вид помош базирана на потребите на заедниците кон кои е упатена помошта, а корисниците ќе бидат идентификувани партнерски(бездомни лица, ромска заедница, граѓани сениори). Очекувано е да бидат поделени донации на 70 -100 семејства.