Подобрени регулативи што овозможуваат компаниите и граѓаните да бидат општествено одговорни и да донираат во ГО и што го олеснуваат финансиското работење на ГО.
Зголемен граѓански ангажман преку донирање и волонтирање во ГО.
Само-регулација на ГО за зголемена доверба кај граѓаните и компаниите.
Вклучување и учество на ГО (особено помали и надвор од Скопје) во креирање на политиките важни за нивен развој.
Очекувани резултати
Подобри даночни бенефиции за компаниите и граѓаните што донираат во ГО.
Компаниите, граѓаните и ГО полесно го користат ЗДСЈД.
Поднесени предлози за измена на регулативата кои ги одразуваат ставовите и потребите на ГО.
Граѓаните и компаниите здружено донираат во ГО преку „live crowd funding“.
ГО се поврзуваат со компанииите за постигнување општествена промена.
Вработените од компаниите волонтираат во локалните заедници.
Целите за одржлив развој на ОН промовирани како можност за зголемен граѓански ангажман.
Јавноста ја препознава Ознаката за доверба како бренд на организации на кои граѓаните и бизнисите можат да им веруваат.
ГО се стекнуваат со Ознаката за доверба како механизам за само-регулација.
Граѓанските организации се вклучени во формалниот процес на носење политики важни за нивното финансиско работење.
Имплементатори
Носител: Здружение Конект Скопје
Времетраење
01 јули 2020 – 30 јуни 2022
Вкупен буџет
Вкупен буџет на проектот: 64,932.05 €
Локација на спроведување на грантот
На ниво на Република Северна Македонија.
Донатор и грантова шема
донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)