
Завршна конференција под наслов: „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“
На 19.10.2023 година, во Хотелот „Арка“ во Скопје ја одржавме завршната конференција со наслов: „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“, во рамките на ЕУ проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Фондација Метаморфозис и Здружение Конект.
Поздравните говори на конференцијата беа од: Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација на Северна Македонија, Мариа Канелополу, Прв советник во Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Леонора Кадрији, генерален секретар на Агенцијата за заштита на лични податоци, Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис, како и Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружение Конект.
Конференцијата имаше предвидено и две панел-дискусии. Во првата панел-дискусија под наслов: „Работен ден во животот на офицерите за заштита на лични податоци“, офицерите за заштита на лични податоци споделија како изгледа еден нивен работен ден, со кои предизвици се соочуваат и како успеваат да ги надминат. Во втората панел-дискусија под наслов: „Меѓу-секторската соработка во насока на штитење на човековите права со фокус на приватноста и на другите дигитални права“, претставници на Агенцијата за заштита на лични податоци, на граѓански организации и на приватниот секор диксутираа за можностите за меѓу-секторска соработка во насока на заштита на приватноста и на другите човекови права на интернет.
Снимката од конференцијата можете да ја најдете овде, а фотографии од атмосферата можете да најдете овде.
