fbpx

Јавен повик за тендер за набавка на услуги за дизајн и печатење на публикации

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕНДЕР за набавка на услуги за дизајн и печатење на публикации

СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ ВО РАМКИ EIDHR 2016-2017 EUROPEAID/155319/DD/ACT/MK

ПРОЕКТ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ ЗА БИЗНИС И ЧОВЕКОВИ ПРАВА (Број на договор 2017/393-738)

Проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерациј објавува единечна тендерска постапка за горенаведениот договор за набавка на услуги. Целосното тендерско досие е приложено кон оваа објава. Тоа содржи:

А.               Упатствo за понудувачи и барања

Б.                Нацрт договор со анекси:

  1. Нацрт договор за дизајн и печатење (Анекс 1)
  2. ТоР Дизајн и принт
  3. Техничка понуда (Организација и методологија ја поднесува понудувачот според приложениот урнек – Анекс 1.2)
  4. Буџет (ја поднесува понудувачот како Финансиска понуда, користејќи го урнекот приложен во Анекс 1.3)

В.                Други информации:

  1. Листа на поканети компании (поканата важи и за останати правни лица информирани со јавна објава)
  2. Табела за проверка на техничка усогласеност
  3. Табела за евалуација на понуда

Г.                Формулар за поднесување на тендер

Дополнителни информации: Одговори на прашања во врска со спецификациите

Ве молиме да ја испратите вашата понуда пред крајниот рок утврден во точка 3 од Упатството за понудувачите на електронската адреса на Конект – konekt@konekt.org.mk. Со поднесување на понуда ќе прифатите да добиете известување за исходот на постапката по електронски пат. Доколку одлучите да не поднесете понуда, би биле благодарни ако можете да ни информирате во писмена форма, наведувајќи ги причините за вашата одлука.

Напомена:

Би сакале да ве известиме дека поради технички проблем со нашата веб страна, каде што јавно е објавен овој тендер, и неможност за надополнување и следење на истиот, го продолжуваме рокот за поднесување понуди до понеделник, 10.12.2018 најдоцна до 16:00 часот.