fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченоcт Порака-Наша

vektorsko-logo

Мисија

Мисијата на Здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.

Визија

Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територијата на РМ.

Област на делување

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово, дејствува на територијата на РМ, а се организира на подрачјето на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РМ и овој Статут

Целни групи

Лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства

Цели

  • Главен деловен процес на Здружението е раководење со програми од јавен интерес дефинирани во Законот за здруженија на граѓани и фондации 2010(Сл.весник на РМ бр:51/2010) Член 74;
  • Граѓаните родители на лица со интелектуална попреченост се здружуваат во Здружението, заради остварување на следниве цели : обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени,културни,образовни, спортски и други права.

Активности

  • Поттикнување на самостојност;
  • Општо познавање;
  • Корекција на говорот;
  • Развој на моториката и физичка активност;
  • Социјални активности;
  • Игри;
  • Музико – терапија;
  • Ликовно;
  • Работно – производствен процес;
  • Сексуално и репродуктивно здравје и права на лица со попреченост;
  • Компјутерска обука;
  • Реализација на постоечки и нови активности во надворешен простор.

Претседател

  • Милован Видановиќ

Сите членови на управен одбор

  • Сашо Арсениевски
  • Трајче Цветковски
  • Емилија Цветковска
  • Борко Христовски
  • Емилија Стефановска
  • Милован Видановиќ
  • Светлана Пешевска
  • Силвана Боризовски
  • Маре Бојковска

Сите членови на извршна канцеларија

  • Секретар
  • Претседател на здружението

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 3.712.642 МКД 2.731.401 МКД
2014 год. 3.712.642 МКД 2.907.528 МКД
2015 год. 3.133.848 МКД 1.431.641 МКД
Професионална рехабилитација на лица со интелектуална попреченост
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 10.000 EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА до 1 година

Проблем или потреба во заедницата

  • Професионална рехабилитација на лицата со интелектуална попреченост како дел од програмата за работа на Дневниот центар;
  • Создавање на услови во центарот (просторни, технички, и професионални) во насока на работно оспособување или оспособување за дел од работен процес на корисниците од центарот но и на членовите на организацијата(лица со интелектуална попреченост) кои не го посетуваат центарот, а имаат потреба од професионална рехабилитација.

Очекувани постигнувања од проектот

  • Обучени корисници и лица со интелетуалана попреченост кои ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд или ќе бидат дел од идно социјално претпијатие во рамките на центарот;
  • Прифаќање на можностите на лицата со интелектуална попреченост од работодавците;
  • Создавање и јакнење на партнерства со бизнис секторот.

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • 10.000 EUR – до една година период за прибирање средства и создавање на наведените услови .