fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Полио Плус – движење против хендикеп

polio-logo

Мисија

Полио Плус е граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп. Нашата мисија е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.

Визија

Полио Плус е лидер, активен креатор и носител на суштинските промени за градење на светот како општество во кое сите лица со хендикеп учествуваат целосно, како еднакви граѓани. Потпирајќи се на индивидуалните вредности, како прилагодлива, истрајна и одржлива организација, а преку искористување на процесите и механизмите на посредната демократија, заедно со другите чинители, го промовираме и наметнуваме пристапот на еднакви можности, кој обезбедува учество на лицата со хендикеп во главните општествени текови.

Област на делување

  • Хендикеп, човекови права

Целни групи

  • Лица со хендикеп, родители на лица со хендикеп

Цели

  • Еднаквост, толеранција и недискриминација;
  • Почитување на човекови права и слободи;
  • Систем за осигурување и заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп;
  • Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата;
  • Добро владеење, партиципација и транспарентност;
  • Граѓанско општество, кое влијае врз јавните политики;
  • Културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
  • Евро интеграции и зајакната регионална соработка;
  • Полио Плус – независна организација, со кредибилитет, способна за партнерства и сојузи базирани врз еднаквост.

Активности

  • Полио Плус работи на унапредување, почитување и заштита на правата на лицата со хендикеп. Нашите активности опфаќаат, но не се ограничуваат на областите на законодавство и политики на централно и локално ниво, образование, вработување, социјална заштита, пристапност и самостојно живеење на лица со хендикеп

Претседател

  • Звонко Шаврески

Сите членови на управен одбор

  • Зоран Петревски
  • Елена Кочоска
  • Јане Љоровски
  • Зоран Додевски
  • Звонко Шаврески

Сите членови на извршна канцеларија

  • Звонко Шаврески
  • Томислав Ортаковски
  • Илинка Сталетовиќ
  • Јулијана Климоска
  • Бобан Маневски
  • Елена Кочоска
  • Владо Николов
  • Огнен Фидановски

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 23.018.978 МКД 14.119.782 МКД
2014 год. 13.719.069 МКД 13.719.069 МКД
2015 год. 6.065.852 МКД 5.119.854 МКД
Опис на проектот
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ / EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци