fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Здружение за унапредување на условите за грижа и сметување на стари и изнемогнати лица Хуманост - Скопје

Humanost-logo_final

Мисија

Унапредување на условите за подобар и поквалитетен живот на лицата во социјален ризик.

Визија

Поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик.

Област на делување

Социјална заштита и едукација

Целни групи

Стари , млади и лица во социјален ризик

Цели

  • Стратешка цел 1: Развивање на формите на вонинституционални социјална заштита на стари и изнемогнати лица.;
  • Стратешка цел 2: Едукација на асистенти за нега на стари лица во домашни услови;
  • Стратешка цел 3: Креирање на политики за лицата во социјален ризик;
  • Стратешка цел 4: Јакнење на капацитетите на младите;
  • Стратешка цел 5: Промовирање на социјално претприемништво;
  • Стратешка цел 6: Вмрежување на Хуманост.

Активности

  • Сервис за нега на стари лица во домашни услови;
  • Едукација на негуватели/ки за нега на стари лица;
  • Организирање на обуки за первенција на лицата во социјален ризик;
  • Обуки за потикнување на активно граѓанско учество;
  • Обуки за стекнување на животни вештини, вработување и застапување;
  • Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица;
  • Потикнување на социјалното претпримништво;
  • Едукативни програми за поддршка на претприемачки идеи и развој на социјално претприемништво;
  • Партиципативност на младите во процесот на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се директно засегнати;
  • Aктивно учество во креирање на политики што директно влијаат на лицата во социјален ризик;
  • Подготовка на локални планови за унапредување и отварање на социјални сервиси за лицата во социјален ризик;
  • Промовирање на активно стареење.

Претседател

  • Димитар Павловски

Директор

  • Сашко Јованов

Сите членови на управен одбор

  • Димитар Павловски
  • Маријана Андриќ
  • Благица Галева

Сите членови на извршна канцеларија

  • Сашко Јованов
  • Весна Лазоровска
  • Емилија Робановска
  • Елена Илиевска
  • Мери Пвловска

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 2.275.035 МКД 2.146.473 МКД
2014 год. 1.004.366 МКД 1.001.448 МКД
2015 год. 2.485.396 МКД 2.093.912 МКД
Обука за асистенти за грижа на стари лица
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 300.000 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Како резултат на процесот на демографско стареење се поголем е бројот на стари лица, кои имаат потреба од помош и нега во домашни услови. Искуствата покажуваат дека се поголем е бројот на семејства кои во обезбедувањето грижа и нега за своите страри и немоќи членови, имаат потреба од ангажирање на професионални и сертифицирани Негуватели/ки за грижа на стари лица во домашни услови.
    Следејќи ги соверемените трендови Здружението Хуманост изработи програма, која е верифицирана од страна на Цетарот за образование на возрасни и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија
    Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и вештини за ефикасна грижа на стари лица. По завршување на едукативниот дел со времетраење од 4 месеци, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат Негувател/ка на стари лица во домашни услови.

Очекувани постигнувања од проектот

  • Учесниците кои ќе бидат дел од оубуката (15 учесници) ќе бидат долгорочно невработени лица и лица во социален ризик кои по завршувањето на оваа 4 месечна обука ќе се стекнат со професионални вештини и сертификат и истите во иднина би се вработиле во нашето социално претпријатие ( сервис за нега на стари лица во домашни услови)

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • 300 000 денари