
Како дел од кампањата, на 02 ноември 2024 ќе организираме голем промотивен настан на плоштадот кај Саат кулата во Прилеп. На овој настан, покрај презентација на нашите активности, ќе се врши и бесплатно мерење на гликемија за сите
заинтересирани граѓани, во соработка со здравствени работници. Ќе се мери и ниво на витамини и минерали кј присутните. Ова е одлична можност да ја подигнеме свесноста за здравјето и да ја промовираме нашата мисија за зачувување на природата и одбележување на Светскиот ден на лицата со дијабетес. Ќе има и можност за директни донации и пријавување за волонтирање на лице место во пресрет на акцијата за садење дрва кај манастирот „Св.Никола“ во село Прилепец.