
Работилница од која ќе бидат обезбедени средства за заштита на згрижени жени и деца – жртви на семејно насилство – храна, облека, лекарства, средства за хигиена. На работилницата ќе се продаваат рачно изработени предмети со претставници од граѓански организации и со учество на претставници од компании што биле донатори на КЦН во изминатите години. 15 кориснички (згрижени жени жртви на семејно насилство) во шелтерот на КЦ Надеж ќе бидат поддржани благодарение на вашите донации.