
Низа од активности во која се вклучени ученици, наставници и родители. Во планираните активности ќе бидат вклучени ученици со попречености во развојот. Секоја активност претставува примена на знаењата низ игрите. Основна цел на овие активности е учениците да учат за соработка, толеранција, еднаквост, праведност и да ги развиваат вештините за решавање на конфликтите. Исто така сакаме да покажеме дека математиката е нешто креативно и динамично, а не апстрактно и досадно. На настанот ќе бидат поставени донаторски кутии преку кои можете да ја поддржите работата на здружението.