
Националниот совет за родова рамноправност се приклучува кон кампањата „Денови за донирање” со цел да ги поттикне членките, соработниците и претставници/чки од бизнис секторот да ја поддржат нивната мрежа и да го подобрат животот на граѓаните. За време на акцијата ќе се собра облека и храна за бездомните лица во пунктот Момин Поток, како и финансиски средства наменети за обезбедување на оброк/сендвичи за лицата од Момин Поток.