Повелете на донаторскиот настан „Со помагала да помагаме“ кој ќе се одржи на 14.10.2024 (понеделник) со почеток во 12 часот во Граѓански ресурсен центар на Бул. Климент Охридски бр.21 во Центарот на Скопје. Палиум го одбележува и Светскиот ден на хосписот и палијативната нега на најдобар можен начин, отворајќи можност секој од нас да помогне и направи нешто конкретно. Ве очекуваат за да и вие придонесете за подобрување на условите и третманот на палијативните пациенти и нивните семејства. Споделете ја информацијата за донаторскиот настан за да се прошири кругот на поддржувачи и да овозможиме првата Изнајмувачница од идеја да стане место каде во најтешкото ќе се најде грижа и поддршка.