
Забава, мода и филантропија!
Ве покануваме на традиционалната добротворна модна аукција на дизајнерски облеки дел од кампањата „Денови за донирање“.
Овојпат, 16 најпознати дизајнерки и дизајнери, како и нови надежи донираа прекрасни модни дела што ќе се наддаваат на аукцијата. Донираните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд. Годинава фондот ќе поддржи 4 иницијативи:
Ве покануваме да бидете дел од нашето друштво на филантроп(к)и и вљубеници во модата. Да наддаваме заедно и да ги здружиме донациите за влијателни промени.
Добротворната модна аукција ќе се одржи в понеделник, 28.10.2024 од 20 ч. во Скопје, во Лабораториум. Водител на настанот е г.Никола Трајковски, а водител на аукцијата е гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, г. Огнен Јанески.
Бидете модни филантропи и донирајте од срце ❤
Потврдата на вашето присуство на модната аукција е задолжителна. RSVP <<овде>> или на konekt@konekt.org.mk.
Каталогот на модната аукција кој можете да го преземете овде содржи креации на:
Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, „ Terziya“, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов-Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.