Покана – Добротворна модна аукција Fashion with a Cause 31.10.2026, Музеј на современа уметност, 11:30 часот

14 октомври 2026 | 17:15

Саботно матине на добри дела

Fashion with a Cause

Конект и Моден Викенд Скопје, под покровителство на Амбасадата на Франција и со поддршка од Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, Ве покануваат на традиционалната добротворна модна аукција Fashion with a Cause во ново, дневно издание.

На 31 октомври 2026 година (сабота) од 11:30 часот (прием на гости од 11:00), во Музејот на современата уметност, место што дише со креативност, ќе се собереме во одбрано друштво на љубители на модата и филантропијата.

Внимателно ве одбравме за да ви приредиме едно поинакво искуство.

Над 20 македонски дизајнери и уметници донираа ризница на модни парчиња и додатоци.

<<Преземете го каталогот>>

За вас или вашите блиски наддавајте се за парче мода со двојна вредност бидејќи сите средства ќе бидат донирани за:

  • ХОУП за првиот специјализиран Центар за лица со афазија по мозочен удар;
  • КРИК за подобрување на условите за живот на младите со попреченост;
  • Коалиција „Сите за правично судење“ за правна помош за оние кои немаат да платат адвокат.

R.S.V.P. Ве молиме регистрирајте се на овој: <<линк>>

Кодекс на облекување: „Art Chic“

Донаторска влезница: 500 денари достапна на влезот на настанот.

Уживајте во уметноста со чаша вино, кафе или чај во друштво на претставници на дипломатскиот кор,деловната заедница, граѓанскиот сектор и најистакнатите имиња од домашната модна сцена.

Со нашите здружени донации до сега помогнавме на повеќе од 1.000 луѓе.

Повторно на дело ќе покажеме дека солидарноста никогаш не излегува од мода.

Наскоро ќе ви ги откриеме модните парчиња кои ќе бидат понудени на аукцијата и другите изненадувања што ги подготвуваме за Вас.

Со почит,

Конект и Моден викенд Скопје

023224198

konekt@konekt.org.mk

www.konekt.org.mk

www.fashionweekendskopje.mk