Работилница за родово одговорни семејни политики во Штип

10 октомври 2025 | 11:50

Во Штип, на 09.10.2025 година, спроведовме работилница на тема Родово одговорни семејни политики во приватниот сектор. 13 претставници 9 компании од Штип, Велес, Кочани и Скопје дискутираа за постоечките родово одговорни семејни политики во приватниот сектор и дадоа предлог мерки за унапредување на истите.

По спроведување на работилницата учесниците покажаа зголемена свест за придобивките што ваквите политики ги носат и за вработените и за компаниите, како и за нивната улога во промовирањето на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот и инклузивноста на работните места. Со ова се потврдува ефикасноста на работилницата во зајакнувањето на капацитетите и поттикнувањето на практичната примена на родово одговорните семејни пристапи.

Работилницата се спроведе во рамки на програмата „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, имплементирана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Здружение Конект, а финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА).