
Драги соработници,
Во Здружението Конект имаме можност да ги споделиме нашите прекрасни канцеларии со заинтересирани организации и поединци коишто имаат потреба од работен простор за своите професионални активности.
Просториите се наоѓаат во извршната канцеларија на Конект на атрактивна локација во центарот на Град Скопје, на ул.Ристо Шишков бр.12 влез 1 стан 4 (до Влада на РСМ). Канцелариите се реновирани, комотни, со изобилство на дневна светлина.
Во моментов имаме на располагање 4 (четири) работни станици кои поединечно вклучуваат:
Дополнително, ако ни станете цимери ќе имаме можност и за споделување на знаење, искуства и нови соработки.
Просториите можете да ги посетите секој работен ден од понеделник до петок, во периодот од 10:00 часот до 17:00 часот во договорен термин.
Здружение КОНЕКТ