Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Бизнис сесија: Родово одговорни семејни политики за ESG и HR успех

13.11.2025 | 11:30 am - 3:00 pm
Откријте како родово одговорните семејни политики можат да ја зголемат лојалноста, мотивацијата и продуктивноста на вашите вработени. Придружете ни се на интерактивната бизнис сесија наменета за компании од Пелагонискиот регион, каде што ќе разменуваме искуства и практични решенија за подобрување на работната култура преку ESG и HR пристапи. Работилницата се спроведува во рамки на програмата „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, имплементирана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Здружение Конект, а финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА). Обучувачка е Кристина Хаџи-Василева, експертка со повеќе од 20 години практично искуство во областите на родова рамноправност, добро владеење, бизнис поддршка и локален економски развој. 📅 четврток – 13.11.2025 год. ⏰ 11:30 – 15:00 часот  Утопиа Private Members Club, Битола (линк до локација)   За кого е наменета? Лица одговорни за човечки ресурси, ЕSG, општествена одговорност и одржливост во вашата компанија; со сите нивоа на искуство во областа (учесниците разменуваат искуства и увидувања); Може да се пријават и 2 претставници по компанија.
  • Како ќе ви користи: Ќе добиете конкретни алатки и примери за имплементација на родово одговорни семејни политики.
  • Ќе размените добри практики со други компании и ќе изградите мрежа на ESG и HR професионалци.
  • Ќе дознаете како ваквите политики влијаат на задржување на таленти, employer branding и ESG индикатори.
Трошоците за настанот паѓаат на товар на организаторот, но местата се ограничени, а регистрацијата е задолжителна, затоа обезбедете си присуство најдоцна до 10.11.2025 год. Деталниот ред е во прилог.   За програмата: Таа цели да го поддржи приватниот сектор за зајакнување на родово одговорните семејни политики и промовирање работни места приспособени за семејствата. Со програмата ги поттикнуваме и им помагаме на работодавачите да осмислат и имплементираат родово одговорни семејни политики што ќе придонесат за поголемо задоволство и продуктивност на вработените преку усогласен приватен и деловен живот. Ваквите политики и практики ги прават работодавачите попривлечни, а во општеството го зголемуваат учеството на жените во работната сила и им помагаат на семејствата со практики како подеднаква распределба на неплатеното родителско отсуство меѓу мажите и жените. Лице за контакт: Ирина Хаџи Митова, проектна раководителка, 071 328 268 Пријави се и обезбеди го твоето учество!

Детали

  • Датум: 13.11.2025
  • Време:
    11:30 am - 3:00 pm