Донаторскиот кружок на Конект по 5-ти пат покажа филантропија на дело! На 06 јуни 2024 година на најуспешниот донаторскиот кружок, над 150 граѓани и бизниси, поединци од сите сфери на животот, заеднички донираа за да направат значајна разлика во нашите заедници и покажаа дека заедно можеме да направиме промени и да ги земеме работите во наши раце.
„Воодушевени сме од ентузијазмот и солидарноста на дело што го покажува нашето друштво на жени и мажи филантропи што донираат заеднички и обмислено. Успехот на донаторскиот кружок ја покажува моќта на заедницата која прави промените кои сакаме да ги видиме остварени во општеството. Негуваме култура на солидарност и поддршка.“ – констатира г-а Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
Не само што ја постигнавме крајната цел на настанот, туку заеднички ја триплиравме и собравме неверојатни 1.000.033 (еден милион и триесет и три денари. Донациите сè уште пристигнуваат. Сите заинтересирани граѓани и компании се повикуваат да пристапат на донаторскиот кружок. Ве поттикнуваме да се обратите во Конект и ќе ви помогнеме паметно да ја вложите својата донација.
Дополнително, 27 компании и поединци го поддржаа кружокот со финансиски и материјални донации. Граѓаните донираа, а бизнисите „НЛБ Банка“, „ЕВН“, Цементарница „Усје“, „Уника“, „Силкапор“, „Даути комерц“, „The Funding Network“ и „Фармахем“ ги удвојуваа вредностите на нивните донации за трите одбрани организации кои се претставија на овогодинешниот донаторски кружок:
Конект во периодот кој доаѓа ќе потпише договори за донација со организациите и ќе го следи нивното работење, а со донаторите ќе одржува редовна комуникација и ќе ги информира за реализацијата и постигнувањата од нивната донација.
За дополнителни информации за кружокот и за да се информирате како да се вклучите во следните изданија, обратете се во Конект на 02/3224 198 или на konekt@konekt.org.mk и паметно вложете ја својата донација.
Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружение Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската Стопанска Комора.



Фотографиите за кружокот ги изработи Александар Чокрески. Повеќе фотографии од настанот можете да најдете на овој линк.