Проект: „Проширување на изборот преку родово одговорни семејни политики за приватниот сектор“

17 февруари 2026 | 11:47

Контекст

Жените продолжуваат да го носат поголемиот дел од товарот поврзан со неплатената грижа и работа во домот, што го отежнува нивното вклучување и останување во работен однос. Истовремено, жените се соочуваат со предизвикот да основаат семејство и да го имаат посакуваниот број деца, без притоа да мора да го напуштат работното место. Како резултат на тоа, стапките на учество на жените во работната сила на Западен Балкан се ниски, помеѓу 16,5 и 52 отсто – значително пониски од оние на мажите, а стапките на фертилитет во регионот се движат помеѓу 1,3 и 1,5 деца по жена, што е многу пониско од две или повеќе деца колку што луѓето во просек велат дека посакуваат. Програмата на УНФПА „Проширување на изборот“ е осмислена да ги поддржи владите во зајакнување на родителското отсуство од работното место и другите семејни политики и правни рамки на начин што ќе им биде од полза и на жените и на мажите. Ги поддржува приватните компании во создавањето работни места приспособени на семејството што ги земаат предвид конкретните потреби на жените. Исто така, промовира рамноправна распределба на неплатената грижа и работа во домот помеѓу жените и мажите.

Цел на проектот

Проектот е дел од регионалната програма „Проширување на изборите“, која има за цел да има значително влијание преку овозможување на жените целосно да учествуваат на пазарот на трудот и да донесуваат информирани одлуки за нивниот семеен и работен живот, што ќе доведе до поодговорен родово одржлив развој. Посакуваниот резултат од проектот е да се промовира GRFP во приватниот сектор преку законодавни и нормативни рамки, создавајќи инклузивни услови за работа и поддржувајќи ги компаниите-шампиони.

Очекувани резултати

  • Жените и ранливите/исклучените лица имаат корист од поддржувачка средина преку прилагодени мерки за вработување и подинамичен и инклузивен систем за обука кој одговара на потребите на пазарот на трудот за сите луѓе;
  • Подобрени и родово одговорни политички и регулаторни мерки кои го поттикнуваат претприемништвото и финансирањето за инклузивен и зелен раст во согласност со стандардите на ЕУ.

Имплементатори

Времетраење

22 јули 2024 – 15 ноември 2026

Вкупен буџет

  • Вкупен буџет на проектот: 142,650 €

Локација на спроведување на проектот 

На ниво на Република Северна Македонија.

Донатор и грантова шема

  • Австриска агенција за развој (АДА)