fbpx

Заштити ја својата организација!

Прв прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам

Секоја непрофитна организација (НПО) е важно дa разбере што за  нејзиното работење значат меѓународните стандарди и правните прописи за спречување перење пари и финансирање тероризам. Определувањето на можните ризици помагаат да преземеме соодветни мерки за заштита. Овој прирачник ги води НПО чекор по чекор во развивање на нивната отпорност од злоупотреби. Публикацијата е полезна за сите кои сакат да се едуцират на оваа тема.

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество прирачникот го изготви Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање на РСМ.

Прирачникот преземете го на:

 

Проценката на ризик од финансирање тероризам за непрофитните организации во кратки црти

На лесен и едноставен начин информирајте се за проценката на ризик од финансирање тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија. На неколку страници прочитајте ги најважните информации од овој обемен документ.  Материјалот е практичен за непрофитни органиации, институции, банкарскиот сектор и сите заинтересирани за овие прашања. Дознајте:

  • Кои непрофитни организации се опфатени со проценката?
  • Какви се ризиците за финансирање тероризам во нашата земја?
  • Кои се препорачаните мерки за заштита?
  • Кои се придобивките од Ознаката за доверба за непрофитните организации?

Преземете и споделете на македонскиалбански и англиски јазик.

Материјалот го подготвивме во рамките на проектот за Северна Македонија, управуван од Европскиот цетар за непрофитно право, овозможен од Меѓународниот центар за непрофитно право преку Иницијативата за граѓански простор.

 

Религиозните организации и системот за спречување финансирање тероризам/ спречување перење пари: Компаративна анализа и препораки

Анализата е производ на проектот „Поддршка на националните напори за усогласување со Препораката 8 на ФАТФ за Глобалната програма на ГИЗ за борба против недозволени финансиски текови“, имплементиран од Конект и Human Security Collective, обезбеден со поддршка на Глобалната програма на ГИЗ за борба против недозволени финансиски текови. Оваа компаративна анализа е пионерски чекор и вреден ресурс кој придонесува за темата на религиозните НПО и пристапите базирани на ризик во СПП/СФТ и се надеваме дека ќе поттикне понатамошно истражување и развој во оваа сфера. Преземете ја македонската верзија на компаративната анализа овде.

“Religious Non-profit organizations and the Counter-terrorism financing/ anti-money laundering system: Comparative Analyses and recommendations” is a product of the project “Support to national efforts for compliance with FATF Recommendation 8 to GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows”, implemented by Konekt and Human Security Collective, provided with the support of GIZ Global Program Combating Illicit Financial Flows). This Comparative Analysis is a pioneering step and a valuable resource that contributes to the topic of Religious NPOs and risk-based approaches in CTF/ALM and we hope that it will encourage further research and development in this sphere. Download the English version of the analyses here

 

Сите информации на овој <<линк>>