Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија

ДОДЕЛУВААТ НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО за 2016 година

 

Наградата се доделува во четири категории:

Награда за ВОЛОНТЕР НА ГОДИНАТА (физичко лице)

Критериуми за подобност:

  • да е државјанин на Р. Македонија;
  • да волонтирал/а минимум 200 работни часови на годишно ниво;
  • да има волонтерско искуство од минимум 1 година;
  • волонтерските ангажмани да ги остварувал/а надвор од неговата/нејзината работна организација (каде прима личен доход и/или хонорар)

Критериуми за вреднување:

  • преку волонтирањето да има постигнато видливи резултати за доброто на заедницата;
  • да поттикнувал/а и вклучувал/а и други граѓани да волонтираат за доброто на заедницата;
  • да покажал/а проактивност со развивање на нови иницијативи за волонтирање.

Преземи ја пријавата за ВОЛОНТЕР НА ГОДИНАТА

 

Награда за ОРГАНИЗАТОР НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА (правно лице)

Критериуми за подобност:

  • да е регистрирано правно лице во Р. Македонија минимум 1 година;
  • да ги исполнува критериумите за организатор на волонтерска работа согласно со Законот за волонтерство (Сл.Весник бр. 85/2007, 161/2008 и 147/2015);
  • согласно со Законот за волонтерство, да има усвоено Програма за волонтирање.

Критериуми за вреднување:

  • да има развиени јасни и транспарентни критериуми за ангажирање и раководење со волонтери;
  • организаторот практикува вклучување на волонтерите во процесите на креирање на програми и политики;
  • во своите програми вклучува значително ниво на ангажирани волонтери изразен преку соодносот на бројот на ангажирани волонтери со големината на организаторот и програмата за волонтирање;
  • постигнува видливи резултати од програмата за волонтирање и води континуирана грижа за постигнатите резултати.

Преземи ја пријавата за ОРГАНИЗАТОР НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

 

Награда за ВОЛОНТЕРСКА ПРАКТИКА (правно лице)

Критериум за подобност:

  • да е регистрирано правно лице во Р. Македонија минимум 1 година.

Критериуми за вреднување:

  • Волонтерската практика е составен дел на програмите и политиките на апликантот;
  • Практиката треба да претставува долгорочна иницијатива (наспроти ад-хок активности);
  • Практиката придонесува за зголемен број на волонтери, кои прават промени во заедницата.

Преземи ја пријавата за ВОЛОНТЕРСКА ПРАКТИКА

 

Награда за МЕДИУМИ (правно лице)

Критериум за подобност:

  • да е регистрирано правно лице во Р. Македонија минимум 1 година.

Критериуми за вреднување:

  • да покаже отвореност на медиумот за бесплатно презентирање на информации за настани/активности на граѓански организации и институции поврзани со волонтирање;
  • да има објавено свои прилози, емисии и други медиумски продукти кои афирмативно ги промовираат вредностите на волонтирањето и поттикнуваат волонтирање;
  • применува креативен приод во градењето на свеста за волонтерството кај пошироката јавност;
  • покажува долгорочна посветеност во промовирањето и поддршката за волонтерството.

Преземи ја пријавата за МЕДИУМИ

Целта на наградата е да го промовира волонтерството кај пошироката јавност, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира кон понатамошно унапредување и развој на волонтерството.

Воспоставувањето на годишната национална награда за волонтерство , е дел од мерките предвидени во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015), донесена од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Пријавите се доставуваат преку електронска пошта со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса: alicoska@mtsp.gov.mk  или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса: Министерство за труд и социјална политика на РМ, ул „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје.

Пријавите се примаат најдоцна до 8-ми ноември 2016 година, до 16:00 часот.

За дополнителни информации на раполагање ви стои и Конект на konekt@konekt.org.mk или 02/ 3224198.

 

mtspnacionalen sovet