Колку време дневно треба да одделам за да бидам волонтер?

Може да одделиш 10% или 100%, или… зависи од твоите можности и од потребите на организацијата/ институцијата. Овие прашања се решаваат во заеднички договор и на обострана корист на двете страни. Исто така може да волонтираш еднократно, или тоа да биде постојана активност во одреден временски период. Важно е да сакаш да вложиш од своето време, знаење и вештини за доброто на заедницата.

Никој нема право да те присили да работиш повеќе од она што ти си спремен/на да одвоиш. Но исто така е важно да го исполниш и ветеното време и задачи кон организацијата каде волонтираш бидејќи тие сметаат на тебе.



Comments are closed.