Кој сѐ може да биде волонтер?

Волонтер може да биде секое лице кое е подготвено да работи во корист на другите и сака да придонесе кон изградба на хумано општество и рамномерен развој. Волонтирањето не е ограничено само на младите или само на невработените. Напротив, без оглед на возраста волонтери можат да бидат и вработени лица, па и пензионери.. Малолетно лице, исто така може да биде ангажирано како волонтер, со претходна согласност од родител/ старател.

Во Македонија, волонтер може да биде и странско лице.



Comments are closed.