Кои лица може да ги ангажираме за волонтери?

Волонтер може да биде секое лице кое е подготвено да работи во корист на другите и сака да придонесе кон изградба на хумано општество, базирано на социјална кохезија. Како волонтер може да биде ангажирано лице од која било старосна структура и социјален статус: млади, пензионери, невработени, вработени итн. Малолетно лице, исто така може да биде ангажирано како волонтер, со претходна согласност од родител/ старател. Покрај граѓани на Република Македонија, како волонтер може да биде ангажирано и странско лице.



Comments are closed.