Како се утврдува надоместокот на трошоците?

Висината на трошоците од волонтирањето што се надоместуваат зависат од вообичаените практики и можности на вашата организација/институција.

Во однос на надоместокот на трошоците за храна и превоз до и од местото на волонтирање, законот предвидува ограничување на максималниот износ кој може да се исплати. Тој изнесува 15% од просечната месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година (на пр. во 2013 година износот би бил 4.589 денари). Тоа не значи дека вие автоматски треба да го исплатите тој износ. Овие трошоци може да ги исплатите и на база на реално направени трошоци (автобуска карта, приложени сметки од сендвичи и сл.).

Трошоците за службени патувања и трошоците за обука треба да ги покривате на ист начин како што тоа го правите и за вашите вработени (или проектно ангажирани лица). На пр. доколку волонтерот го праќате на конференција како претставник на вашата организација, и сте се договориле дека ќе ги надоместите трошоците ќе треба да му исплатите ист надомест како и во случај кога на истата конференција би учествувал програмскиот координатор.



Comments are closed.