Како да разликуваме дали на некоја позиција треба да ангажираме волонтер или да вработиме дополнителен персонал?

Пред да се решите дали да ангажирате волонтер или да вработите дополнителен персонал, треба да се направи темелна анализа на обврските за кои ви се потребни човечки ресурси. Доколку станува збор за обврски од помал обем, за кои не е потребен постојан ангажман и постојано присуство, може да ангажирате волонтер. Доколку пак станува збор за обврски кои бараат постојано присуство и по обем и опис одговараат на некое работно место, најдобро е да вработите дополнителен персонал.

Внимавајте! Ангажирање на волонтер со цел да се избегне склучување на договор за вработување е забрането согласно законот за кое ви следуваат прекрочни казни. Затоа е важно волонтерските позиции соодветно да се дефинираат и јасно издвојат од систематизацијата во рамки на Програмата за волонтерство.



Comments are closed.