Дали нашата фирма може да ангажира волонтери?

Формално не. Согласно законот стопанските субјекти (во приватна сопственост) не можат да бидат организатори на волонтерска работа. Тоа е така, поради тоа што примарната цел на фирмите е зголемување на добивката за сопствениците што се коси со целта на волонтирањето од чии резултати полза треба да има пошироката заедница. Дополнително се смета дека не треба да им се даде придонес на фирмите во зголемување на профитот без притоа вложениот труд да биде платен. Во стопанските субјекти вообичаено се одвива практикантство.

Тоа не значи дека вашата фирма не може да се вклучи во волонтерски активности. Напротив, сѐ попопуларно е таканареченото корпоративно волонтирање во кое фирмите им дозволуваат на своите вработени во рамки на платената работа да волонтираат одреден број на часови за одредено здружение или пак персоналот организирано се вклучува во некоја волонтерска акција (пошумување, чистење на корито на река и сл.). Во овие случаи имаме волонтирање на вработените на фирмата во поширок јавен интерес, но не станува збор за ангажирање на лица – волонтери кои не се дел од персоналот. Корпоративното волонтирање е полезно и за фирмата бидејќи го јакне тимскиот дух на вработените, ви помага да ги идентификувате лидерите во тимот и ја гради припадноста на фирмата во заедницата.



Comments are closed.