За Конект:

 Конект е непрофитна организација што од 2008 година го развива потенцијалот на нашата земја да расте потпирајќи се на локалните ресурси и капацитети. Со мисија да се стимулираат филантропијата и општествената одговорност, Конект работи на полето на ефективен и долгорочен развој. Организацијата е клучна алатка за поврзување на различните чинители (бизнисите, граѓанските организации и институциите) во градење на подобро општеството. Целите за одржлив развој на ОН претставуваат важна платформа што овозможува Конект им помогне на своите корисници да ги реализираат сопствените визии поврзани со промените што сакаат да ги видат во нивните заедници. Како единствена организација што работи на оваа општествено значајна тема на сеопфатен и посветен начин, Конект овозможува:

  • поддршка на претпријатијата за развој на општествено одговорно деловно делување и стратегиско инвестирање во заедницата;
  • поддршка во процесот на градење долгорочни партнерства меѓу различни сектори (граѓанските организации, бизниси, институции и граѓаните);
  • развој на паметна и внимателна индивидуална, семејна и корпоративна филантропија;

Конект е секретаријат на мрежа на Глобалниот договор на ОН во Република Северна Македонија.

Целите за одржлив развој претставуваат поттик кон градење партнерства и заеднички активности на граѓанските организации (ГО), бизнис секторот и институциите. Нивната сплотеност во работењето е со цел постигнување промени кои позитивно ќе влијаат на развојот и заедниците.

Проектот „Градење меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“ ќе придонесе за зајакнување на дијалогот меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор, како и активно учество на граѓанското општество во остварување на одржлив развој во земјата како дел од процесот на интеграција во ЕУ. Соработката помеѓу ГО, бизнис-секторот и јавните институции ќе се генерираат идеи за заеднички иницијативи за одржлив развој.

Посебно внимание ќе посветиме на поттикнување на дијалогот за јавните политики и ќе дадеме препораки до институциите за политиките поврзани со Целите за одржлив развој кои се очекува да влијаат врз националните стратешки планови во врска со одржливиот развој на земјата и нејзината интеграција во ЕУ.

Нашите очекувања:
  • Разбирање на важноста од меѓу-секторска соработка и заеднички напори на ГО, бизнисот и институциите во негувањето на целите за одржлив развој во процесот на ЕУ интерграција;
  • Пренос на знаење и најдобри практики од соседните земји-членки на ЕУ;
  • Прифаќање на иницијативата за јавно-приватни партнерства од страна на клучните чинители (ГО, бизниси, јавни институции).
Општа цел:

Да го поттикнеме и зајакнеме јавно – приватниот дијалог и активното учество на ГО и бизнис секторот во остварување на одржлив развој во земјата.

Специфична цел:

Воспоставување рамка за меѓу-секторско партнерство за постигнување на Целите за одржлив развој кои се поврзани со реформите за ЕУ интеграција.

Активности:

Анализа на состојбата на Целите за одржлив развој во земјата и приоритетите за интеграција во ЕУ

  • Основна анализа за моменталната состојба на Целите за одржлив развој во земјава, што ќе ја определи динамиката за нивно подобрување и поврзаноста со процесот на интеграција во ЕУ.
  • Анализата ќе обезбеди преглед и мапирање на сите активности кои ги преземаат чинителите и како тие влијаат во процесот на приста – пување кон ЕУ.

Креирање на национална рамка за Целите за одржлив развој

Институциите, бизнис секторот и ГО заеднички ќе ги дефинираат локалните приоритетите од Целите за одржлив развој преку учество во:

  • Работилница по методологија на Глобалниот договор на ОН;
  • 4 тркалезни маси на коишто ќе се мапираат приоритетите и можностите за соработка;

Како производ од процесите ќе произлезат јасни заклучоци кои ќе бидат преточени во:

  • Резиме од дискусиите на тркалезните маси;
  • Акциско – стратешки план кој ќе послужи како ресурс при креирање на националната рамка;

Во текот на спроведување на активностите, редовно ќе се комуницира со јавноста за да се зголеми свеста и довербата кај останатите чинители и граѓаните.

Пренос на знаења од ЕУ земја членка

Размена на искуства преку:

  • Студиска посета на Бугарија и преземање на најдобрите практики што ќе поттикнат заеднички активности.
  • Развивање алатки за избирање и имплементирање заеднички активности за Целите за одржлив развој врз основа на најдобрите практики на ЕУ.

Поттикнување активна соработка за одржлив развој

  • Платформа за меѓусекторска соработка и поддршка од институции;
  • Обезбедување институционална поддршка;
  • Доделување награди за препознаените пионери (професионалци од бизнис секторот и индивидуалци) во воспоставување на меѓусекторска соработка во рамки на кампањата на Глобалниот договор на ОН;
  • Национална конференција за целите на одржлив развој и ЕУ интерграцијата.