fbpx
Sustainable Development Goals.svg

Јавен повик за награди Предводници на Целите за одржлив развој

Јавен повик

 Награди: Предводници на Целите за одржлив развој

наменети за компании и поединци од компании

Се повикувааат компаниите и поединците од компании кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и заедницата и придонесуваат кон исполнување на најмалку една цел од вкупно 17 Цели за одржлив развој [1] да се пријават на овој јавен повик.

Наградите за предводници на Целите за одржлив развој ќе се доделуваат за спроведени практики во последните 3 години. Критериумите за подобност се поделени во 3 категории и тоа:

  1. Поединци вработени во компании кои преку својата работа во компанијата иницирале програма или промена која води до реализација на било која од Целите за одржлив развој;
  2. Компании коишто се предводници во одржливиот развој, стратешки се определени да креираат одржлив бизнис и преку своја конкретна платформа или иницијатива придонесуваат кон реализирање на една или повеќе цели од Целите за одржлив развој;
  3. Млади бизнис лидер(к)и од компании на возраст до 35 години кои преку своето работење ги промовираат Целите за одржлив развој и придонесуваат кон нивно реализирање.

Пријавувањето е по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk до 28-ти мај 2021 година.

Апликациите можете да ги преземете на следниве линкови:

Апликација за компании

Апликација за поединци 

За насоките за аплицирање и процесот посетете го линкот подолу:

Насоки за аплицирање и процес

Наградите се доделуваат од „Конект“ во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор во Северна Македонија“[2] Селекцијата и проценката на квалитетот на на пријавите, како и изборот на најдобрите во 3-те категории ќе ја врши комисија. Комисијата го задржува правото да додели 10 или помалку награди во трите категории.

По изборот, наградените ќе бидат известени и поканети на гала промоција за доделување на наградите и ќе можат да ги споделат своите инспиративни примери со претставници на бизнис секторот и другите чинители. Конект ќе се грижи за промовирање на наградените и ќе ги поддржи во идни активности со кои ќе придонесат кон остварување на Целите за одржлив развој.

Оваа година по втор пат ќе се доделуваат награди од ваков тип наменети за поединци вработени во компании и компании кои се предводници на Целите за одржлив развој во земјава. Кон овој јавен повик се приложени насоки за аплицирање и формулари за пријава.

Годишниот план за работа на Конект е поддржан од Цивика Мобилитас.

 

[1] Целите за одржлив развој се усвоени од 193 држави во Обединетите нации во и претставуваат визија за одржлива иднина и нудат можност за нова димензија на бизнис секторот. Тие претставуваат нова ера за компаниите кои се посветени и отворени за нови предизвици.

[2] Глобалниот договор на Обединетите нации е најголемата светска иницијатива за корпоративна одржливост