fbpx

Повик за менторство на компании: Проверка за усогласеност со Законот за заштита на лични податоци

Проектот Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен екосистем финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Конект, ве повикуваат да аплицирате на повикот за менторство на компании за нивна проверка за усогласеност со Законот за заштита на лични податоци. Повикот е наменет за компаниите кои беа дел од обуките „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права и заштита на личните податоци“.

Што е претходна проверка (due diligence) за приватност?

Претходна проверка за приватност во компанијата е процес за управување со ризици што треба да го следат компаниите, со цел да се идентификуваат, спречат, да се ублажат и да се објасни начинот на кој се адресираат негативни влијанија врз човековите права со акцент на правото на приватност.

Што добивате со менторството?

За постигнување на овие цели нудиме единствена можност на одреден број компании за Проверка за усогласеност со Законот за заштита на лични податоци, со услуги кои вклучуваат:

  • Поддршка при анализа на податоци;
  • Поддршка при воспоставување на механизми, правила и процедури;
  • Можност за поддршка и консултација со експерти во рамките на менторирањето.

Темите кои се достапни за менторирање се наведени подолу. Секоја компанија има за право да избере максимум 3 теми за кои има потреба од менторирање. Согласно темата, а со цел максимизирање на можностите, менторирањето ќе се одвива на индивидуално или групно ниво.

  • Политика за заштита на лични податоци – групно ниво
  • Политика за управување со правата на субјектите – групно ниво
  • Видео надзор (Правилник, Анализа на целта, Проценка и Известување) – индивидуално ниво
  • Известување за приватност за една категорија на субјекти/една активност за обработка – индивидуално ниво
  • Известување за приватност за една категорија на субјекти/една активност за обработка – индивидуално ниво
  • Политика за колачиња – групно ниво
  • Процедура за контроли (Офицер за ЗЛП) со насоки за изработка на Извештај – индивидуално ниво
  • Друго – индивидуално ниво

Кој ја обезбедува оваа поддршка?

Поддршката за спроведувањето на менторирање ќе биде преку проектот Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен екосистем финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Метаморфозис и Конект, чија општа цел e е да се зајакне свеста и капацитетот на граѓаните и граѓанските организации (ГО) за компетентно управување со дигиталната средина и барање зголемена заштита на приватноста, истовремено поддржувајќи ги одговорните државни институции и другите засегнати страни како носители на должност да работат во служба на општеството и заштита на граѓаните.

Како да стигнете до оваа погодност?

Аплицирајте со пополнување на пријавата за поддршка заедно со изјава за посветеност најдоцна до 27.07.2023 година.