fbpx
Pendarovski

Партнерство за проценка на ризикот од финансирање тероризмот за непрофитните организации е можно: Северна Македонија го предводи патот

На 10.06.2021 година се одржа меѓународен форум на влади и непрофитни организации „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“, по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во земјата.

Работната група за финансиска акција (FATF) бара од државите да проценат дали во непрофитниот сектор постои ризик од финансирање тероризам и перење пари. Меѓутоа, за да го направат тоа на значаен начин, тие треба да соработуваат со непрофитниот сектор. Владата на Северна Македонија неодамна го заврши процесот на проценка на ризикот за непрофитните организации и покажа дека е можна ваква ефективна соработка со непрофитниот сектор.

Со цел споделување на добрите практики од овој и други процеси, Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија во соработка со здружението КОНЕКТ и ECNL организираше форум за 90 учесници од 22 држави, Егмонт, Moneyval Комитетот при Советот на Европа, банки и непрофитни организации.

Отворајќи го настанот, Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски истакна: „нашата главна грижа мора да биде да не го нарушиме деликатниот баланс помеѓу националната безбедност и слободата како врвна вредност“.

Генералниот секретар на Moneyval Комитетот при Советот на Европа, г-динот Игор Небиваев истакна дека процесите за спречување на перење пари и борба против финансирањето на тероризмот имаат значително влијание врз непрофитниот сектор. Тие, исто така, изискуваат повеќе ресурси и експертиза за да обезбедат соодветно и базирано на ризик спроведување на релевантни меѓународни стандарди, без попречување на легитимните непрофитни активности.

Г-дин Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање ја истакна важноста на процесот на проценка на ризикот и соработката со секторот. „Непрофитните организации се огледало на демократијата. Наша должност е да ги заштитиме, изјави тој. Се надоврза г-а Никица Кусиникова, Извршна директорка на Конект која истакна дека „успешни мерки против перење пари и финансирање тероризам се само оние кои не го попречуваат развојот на непрофитниот сектор и неговите легитимни активности“. г-а Катерина Хаџи-Мицева Еванс, извршна директор на ECNL, истакна дека „воспоставеното партнерство во Република Северна Македонија е добар пример меѓународно и треба да се негува“.

Учесниците истакнаа борбата против финансирањето на тероризмот е клучен фактор за ефикасно справување со ризиците по безбедноста на национално и меѓународно ниво. Оваа активност изискува навремена имплементација на серија од мерки како од превентивен, така и репресивен карактер од страна на различни институции и субјекти на национално, регионално и меѓународно ниво. Од овие причини успешно е спроведена Проценка на ризикот од финансирање тероризмот за непрофитните организации, која ги детектира слабите точки и за истите да предвдува мерки за нивно надминување. Исто така беше истакнато дека од посебна важност е воспоставената соработка која треба да продолжи и сите страни меѓусебно да се информираат за развојот и промените во својата сфера. Заради сето тоа не е доволно работите само да се стават на хартија и во стандард, туку воспоставеното партнерство меѓу владите, непрофитните организации и банките да продолжи за мерките на заштита ефективно се спроведуваат, а негативните последици да се минимизираат. И покрај тоа што со оваа проценка се утврдува дека ризикот од финансирање тероризам за непрофитните организации во Северна Македонија е низок-среден ризик само за мала подгрупа од непрофитниот сектор (13%), додека остатокот од непрофитниот сектор се квалификуваше со низок ризик, потребно е да се спроведуваат низа мерки за ублажување и превентивни активности со меѓусекторска соработка. Надлежните институции треба да продолжат да воспоставуваат правна рамка, да ги градат своите капацитети за да овозможат непрофитните организации непречено да ја извршуваат својата легитимна дејност во сигурен амбиент со поставени механизми на заштита од злоупотреби за целите на финансирање на тероризам. Непрофитниот сектор, исто така, има за цел да изгради отпорност и да придонесе кон целокупниот систем за борба против перење пари и финансирање тероризам. Притоа се остварува соработка со институциите  за да се обезбеди дека мерките нема да го попречуваат развојот на непрофитниот сектор.

ECNL, здружението КОНЕКТ и Управата за финансиско разузнавање остануваат посветени посветени на ангажманот да обезбедат партнерства помеѓу сите сектори во процесите на проценка на ризикот од финансирање тероризам и перење пари. Само со почитување на човековите права, основните слободи и пристапот базиран на ризик, земјите можат да постигнат ефективни и одржливи резултати во борбата против тероризмот и спречувањето на перење пари.

************

За организаторите

Управата за финансико разузнавање е орган со мисија за заштита на финансискиот систем на државата од заканите од перење пари и финансирање на тероризам преку почитување на меѓународните стандарди. Во овој процес УФР соработува со сите засегнати страни и чинители.

Здружението Конект поттикнува и промовира приватно донирање и општествена одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Северна Македонија и регионот. Конект управува со мрежа за финансиска одржливост на граѓанските организации која брои 111 членови. Посебен фокус на нејзината работа е развојот на меѓусекторско партнерство во кое засегнатите страни создаваат меѓусебни решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Контакт: Виктор Мирчевски, Програмски менаџер, viktorm@konekt.org.mk