fbpx
Konekt Vrabotuva

Оглас за вработување 2018

Здружението Конект е формирано со цел да ја унапредува филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата (ООП) во Македонија. Во рамки на своето работење, Конект спроведува проекти финансирани од странски донатори (ЕУ фондови итн) и од бизнис секторот и нуди услуги во доменот на својата мисија. За потребите на нашето работење бараме комуникативни, динамични и одговорни личности на работните места: Програмски соработник (2 лица) и Соработник за администрација и финансии согласнo  наведените критериуми во огласот, што може да го превземете на слениов <<линк>>.

Покрај потребните квалификации, предност ќе имаат кандидатите кои активно се вклучуваат во развојот на своите заедници преку волонтерски ангажман, граѓански иницијативи и сл.

Доколку сте посветени, мотивирани и подготвени за промени, а притоа сакате да бидете дел од нашиот тим Ве молиме да доставите биографија (CV) и писмо за изразување на интерес по редовна или електронска пошта (со назнака: За програмски соработник или За соработник за администрација и финансии, соодветно) најдоцна до 2 март 2018 год. на:

Здружение Конект
Ул. „Владимир Полежиновски“ бр. 19-1/6
1000 Скопје, Македонија
e-mail: konekt@konekt.org.mk;

Програмски соработник – 2 лица

Главните обврски на програмскиот соработник се изготвување и спроведување на програмите и проектите на Конект вклучувајќи и поддршка во администрацијата и промотивните активности. Во 2018 година, фокусот на работењето ќе биде во рамки на проектите финансирани од Европската Унија („Градење на меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“, „Поттикнување на принципите на бизнисот и човековите права“ и „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавните и приватните претпријатија“. Под раководство на извршната директорка и програмскиот раководител, меѓу другото, клучните задачи вклучуваат:

  • Обмислување и реализација на проектни активности;
  • Организација и испорака на обуки, работилници, настани и сл.
  • Креирање на содржини за веб платформи;
  • Техничка и логистичка поддршка;
  • Изготвување на комуникациски продукти;
  • Водење на записници од состаноци, средби итн;
  • Редовна комуникација со проектните партнери и соработници на Конект.

Работата во Конект е предизвик за оние кои сакаат професионално да се надградуваат во нови, иновативни области. Работното место нуди можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.
Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Најмалку 3 години работно искуство во граѓанскиот и/или деловниот сектор;
  • Општо познавање на концептите на филантропија и општествена одговорност напретпријатијата, како и развојните потреби во општеството;
  • Одлична компјутерска писменост (задолжително познавање на Excel, Word и PowerPoint);
  • Активно познавање на англискиот јазик;
  • Искуството во спроведување на проекти;
  • Поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
  • Флексибилност.

За една од позициите Програмски соработник се претпочита работно искуство во деловниот сектор.

Соработник за администрација и финансии
Главните обврски на соработникот се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење, како и техничка поддршка на проектните активности. Под раководство на извршната директорка, меѓу другото, клучните задачи вклучуваат:

  • Изготвување на финансиски буџети и извештаи (вклучително и кон донаторите);
  • Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка напотребни документи и набавки;
  • Водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;
  • Поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
  • Организирање на логистика за проектните активности;
  • Водење на деловодник и администрирање на документи;
  • Водење на касата и на благајничките извештаи.

Работата во Конект е предизвик за оние кои сакаат професионално да се надградуваат во нови, иновативни области. Работното место нуди можности за стекнување на знаења и вештини, создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.
Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование (предност има диплома за завршенЕкономски факултет);
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
  • Познавање на финансиски и административни процедури;
  • Одлична компјутерска писменост (задолжително познавање на Excel, Word и PowerPoint);
  • Активно познавање на англискиот јазик;
  • Искуството во спроведување на ЕУ проекти ќе се смета за предност;
  • Поседување комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
  • Флексибилност.