circle

Социјално претприемништво

Социјално претприемништво

Што е социјално претприемништво?

Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во која се интегрираат економски и социјални цели, тоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици и за зајакнување на инклузивниот раст.

Социјалното претриемништво се дефинира и како континуирано спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста како и зајакнувањето на капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја. Целта е да се генерира општествена вредност при што заедницата ќе има корист од претприемачките активности. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет.

Карактеристики на социјалните претпријатија:

  • Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците;
  • Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена;
  • Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој;
  • Најчесто делуваат во две насоки:
    • Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
    • Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.
  • Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно грантови).