kon-0

Конект

КОНЕКТ

Училишен проект на ЕВН Македонија / едукативен проект за разумно и ефикасно користење на енергија

Датум: 01/09/2007 – тековно

Донатор: ЕВН Македонија (корпоративен донатор)

Имплементација: Проектот е координиран од Конект и имплементиран во партнерство со 4 граѓански организации што работат во доменот на млади и животна средина.

Општа цел на проектот: Асистирање на корпоративниот донатор (ЕВН) во дизајнот и имплементацијата на училишен сервис: едукација на ученици од основните училишта за енергетска ефикасност.

Постигнати резултати:

  • Проектот се спроведе во над 352 основни училишта во сите општини низ Република Македонија;
  • Одржани над 1.530 работилници;
  • Креирана поволна средина за развој на ООП;
  • Над 36.000 ученици беа едуцирани за тоа како разумно да ја користат енергијата;
  • Продукција на едукативни материјали на македонски и албански јазик;
  • Сите општини во Македонија учествуваа во проектот;
  • Формирани се 65 училишни клубови во 42 општини.