kon-0

Конект

КОНЕКТ

Што работиме

Конект е здружение на граѓани од Македонија формирано во јуни 2008 од страна на неколку ентузијасти кои веруваат дека Македонија има потенцијал да се развива потпирајќи се на локални ресурси и капацитети.

Мисијата на Конект е поттикнување и промовирање на приватното донирање и општествената одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Македонија.
Конект се стреми да биде клучната алка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за создавање на позитивно влијание во општеството. Конект им овозможува на конституентите да ги реализираат своите визии за промените кои сакаат да ги видат во своите заедници.

Како единствена организација која сеопфатно и посветено ја третира оваа општествено значајна тема, Конект овозможува:

  • Поддршка на компаниите во развој на одговорен бизнис и стратешко инвестирање во заедницата;
  • Развивање на паметна и обмислена индивидуална и семејна филантропија;
  • Поддршка при градење на долгорочни партнерства помеѓу ГО, граѓаните и компаниите;
  • Овозможување позитивна околина за филантропија и општествената одговорност (ООП) во насока на постигнување вистинска општествена промена.

Веруваме дека кога ООП се интегрира во бизнис стратегијата, му овозможува на претпријатието зголемена продуктивност, иновативност и долгорочен одржлив развој. Затоа Конект формираше „Клуб на одговорни бизниси“ кој има за цел да ги обедини компаниите коишто се општествено одговорни и да им понуди програми и активности коишто ќе им помогнат во реализација на општествено одговорните практики.

Активностите на Конект вклучуваат:

  • Директни консултации и услуги на претпријатијата, поединците и нивните семејства;
  • Застапување за законска рамка и опкружување кое ќе ја поттикнува филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата;
  • Aнализи, истражувања и подготовка на извештаи;
  • Споделување на добри практики и споредбени искуства;
  • Оперативно тело на клубот на одговорни бизниси;
  • Поддршка на граѓанскиот сектор и јакнење на нивните капацитети преку повеќе активности меѓу кои најзначајна е шемата за сертифицирање на доверливи организации – ознака за доверба.

Целни групи

  • Компании;
  • Индивидуалци и семејства што донираат или имаат можност да донираат;
  • Граѓански организации (ГО) во својство на крајни корисници.

Мрежи

  • Конект е членка на Македонската мрежа на глобалниот договор и воедно го претставува и секретаријатот на македонската мрежа;
  • Конект има свој член во Националното координативно тело за ООП на РМ;
  • Конект е членка на Американската Стопанска Комора во Македонија (AmCham) и заедно реализираме многу проекти.