kon-0

Конект

КОНЕКТ

Персонал

М-р Никица Кусиникова, Извршна директорка

Има завршено европски постдипломски студии по компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто, Универзитетот од Регенсбург и Корвинус Универзитетот од Будимпешта. Магистрира на темата „Филантропија кај дијаспората како потенцијален ресурс за невладините организации во Македонија“. Следејќи ја својата примарна струка, како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Преку осумнаесет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми. Таа е еден од клучните експерти во Македонија и регионот во областите на општествена одговорност, филантропијата и социјалното претприемништво и е авторка на повеќе публикации и истражувања. Никица е Претседателка на Националниот совет за развој на волонтерството, Претседателка на Локалната советодавна група на Проектот ТАКСО и заменик член на Националното координативно тело за ООП. На меѓународен план, како контакт лице на Македонската мрежа, ги претставува Локалните мрежи на Глобалниот договор од Источна Европа во Советодавната Група на ГД на Обединетите Нации. Волонтерски членува во управните одбори на неколку организации. Во слободното време сака да патува.
Областите во коишто донира се: заштита на животните, унапредување на демократијата и човековите права како и сите непрофитни организации со коишто директно соработува.

Виктор Мирчевски, Програмски соработник

Тој е магистрант по политички студии на TEMPUS програма по Европски институции и политики. Од тука и од претходните работни искуства во Секретаријатот за европски прашања и во Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) Македонија, произлегува неговиот интерес за иницијативите поврзани со подобрување на законската регулатива и нејзината примена. Во својата работа е ангажиран во активности поврзани со корпоративната филантропија, законодавните иницијативи, како и меѓународните иницијативи на Конект за општествена одговорност на претпријатијата. Покрај посветеноста на магистерската теза и работата во Конект, Виктор наоѓа време да се посвети и на уметноста.

Ана Костовска – Програмски соработник

Таа има завршено додипломски студии по Бизнис администрација на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје а потоа своето образование го продолжи на истиот универзитет на постдипломски студии по бизнис менаџмент. Моментално е во фаза на изработка на својата магистерска теза со наслов “Општествена одговорност кај мали и средни претпријатија во Македонија – мотиви и придобивки за претпријатијата”. Извидник е од 1999 год. и е активен волонтер повеќе од 10 години во Изидничко Поречанскиот Одред Галеб и Сојузот на извидници на Македонија. Има големо искуство во едукација на деца и млади и организирање на најразлични настани. Сака да патува, планинари и да престојува во природа.