kon-0

Конект

КОНЕКТ

Опис на услугите што ги нуди Конект

Конект покрај своите основните прокетни активности исто така обезбедува и дополнителни услуги за претпријатијата, семејства и граѓанските организација, коишто вклучуваат обуки и консултации на претпријатијата, поединците и нивните семејства во доменот на филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата (ООП). Тимот на консултанти поседува големо искуство во работење со деловниот сектор, граѓанските организации и државните институции. Во доменот на ООП, Конект е единствената организација во Македонија која е сертифицирана за примена на методологијата РЕАП (Responsible Entrepreneurship Achievement Program) разработена од Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО). Покрај постојаниот тим на консултанти, согласно потребите ангажираме и соработници ‐ експерти од Европа и регионот.

Генерално, услугите на Конект опфаќаат:

  • Идентификување на потребите и приоритетите во доменот на ООП;
  • Изработка на стратегии и програми за ООП и нивна имплементација;
  • Изготвување на извештаи;
  • Оценка на влијанието и резултатите;
  • Обука на вработените;
  • Изготвување на апликации за награди и други комуникациски продукти поврзани со општествената одговорност;
  • Идентификување на можности за финансирање на проекти и инвестиции од доменот на ООП;
  • Правна помош во доменот на ООП.

Деталната листа на услуги во прилог е поделена на два сегменти: 1) услуги во доменот на
филантропијата односно донациите и 2) услуги во доменот на општествената одговорност кој гоопфаќа деловното работење на компанијата од аспект на влијание врз општеството и животната средина а насочено кон долгорочниот одржлив развој. Оваа листа не е исцрпна и може да се надгради со други видови на соработка во зависност од потребите на компанијата.

1. Постигнување на eфективна филантропија

  • Изработка на стратегија за корпоративна филантропија која ќе ги следи вашите интереси и приоритети и ќе биде интегрирана во целокупната стратегија за општествена одговорност на претпријатието (ООП);
  • Креирање на систем и програми за донирање;
  • Администрирање на програми за корпоративна филантропија;
  • Оценување на апликации и барања за донации доставени до претпријатието;
  • Следење и оценување на грантови и програми за корпоративна филантропија;
  • Идентификување и поврзување со исполнителни и доверливи приматели на донации, невладини и други непрофитни организации;
  • Истражување на конкретно прашање во областа од интерес за корпоративна филантропија на претпријатието (потребите, моменталната ситуација, актерите кои делуваат на тоа поле и сл.);
  • Подготвување на извештаи за корпоративна филантропија за внатрешна и надворешна употреба;
  • Поддршка во ползувањето на даночните поттикнувања согласно македонската регулатива (Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и др.);
  • Поврзување и размена на искуства со други претпријатија од Македонија и светот;
  • Дизајн на „специјални проекти“ ‐ иновативни приоди во доменот на корпоративна филантропија и вложување во заедницата, специјално осмислени за потребите на претпријатието;
  • Обезбедување на промоција на Програмата за донации и спонзорства во јавноста;
  • Обука за вработените во претпријатието во било која од горенаведените области.

2. Услуги во доменот на општествената одговорност на претпријатијата (ООП)

  • Анализа и идентификување на приоритетните аспекти од доменот на ООП за претпријатието;
  • Идентификување и вклучување на засегнатите страни за претпријатието;
  • Изработка на стратегија за ООП интегрирана или во одредени домени од ООП;
  • Подготвување на извештаи за ООП за внатрешна и надворешна употреба;
  • Дизајн и подготовка на програми за ООП во било кој од сегментите на општествената одговорност;
  • Интегрирање на практиките за донирање во целокупната стратегија за ООП;
  • Изготвување на апликации за награди за ООП во Р. Македонија и на меѓународно ниво;
  • Изготвување на комуникациски продукти за ООП (одделно или во соработка со постоечкиот тим на компанијата);
  • Консултации за имплементација на стандардот за ООП ‐ ISO 26000 како и други стандарди поврзани со ООП;
  • Поврзување и размена на искуства со други претпријатија од Македонија и светот;
  • Обука за вработените во претпријатието во било која од горенаведените области.