kon-0

Конект

КОНЕКТ

Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на ГО

Датум: 21/12/2013 – 21/06/2015

Донатор: Европска Унија

Партнери: Центар за даночна политика- Скопје, Европски центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) – Будимпешта

Општа цел на проектот: Да придонесе за градење силни и одржливи граѓански организации способни успешно да мобилизираат локални ресурси и да се вклучат во дијалог со приватниот сектор.

Конкретни цели:

  • Да се постават темели за долгорочна и поттикнувачка рамка за филантропија и мобилизација на локални ресурси врз основа на истражување и анализа;
  • Поддршка на локалните засегнати страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за изнаоѓање и мобилизирање на локални ресурси и воспоставување на долгорочна и одржлива соработка со приватниот сектор;
  • Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата и мобилизација на локални ресурси во градењето на силни заедници.

Резултати и продукти:

  • Поставени темели за поволна рамка за филантропија (истражување, кост бенефит анализа, коментари на ЗДСЈД, 4 публикации);
  • Поддршка на засегнатите страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање (прирачник за ЗДСЈД, даночен калкулатор, поддршка на институции, интернет сервис за поддрпка: www.donirajpametno.mk);
  • Подобрeни на капацитетите на ГО за мобилизирање локални ресурси и соработка со бизниси (обучени над 100 претставници на ГО, 8 видео туторијали, 66 одговорени прашања);
  • Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата (Конференција со 85 учесници, 10.500 лифлети, 35 медиумски објави).

Активности / проектни компоненти:

  • Мапирање на постоечката ситуација;
  • Поддршка и мониторинг на спроведувањето на Законот за донации и спонзорства;
  • Градење на капацитетите на граѓанските организации за мобилизирање на ресурси и воспоставување на дијалог со приватниот сектор;
  • Промоција на придобивките од филантропијата и мобилизацијата на локални ресурси.