kon-0

Конект

КОНЕКТ

Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните

Датум: 21/11/2015 – 21/03/2017

Донатор: ЕУ

Партнери: Business in the Community, Северна Ирска – партнер

Општа цел на проектот: Придонес за креирање поволна средина и култура на филантропија за зголемено и разнолична стратешка поддршка на ГО

Целни групи: 150 ГО низ РМ; 50 компании што поддржуваат ГО; општа јавност (6.000 граѓани).

Активности во следните компоненти:

  • Систем за внатрешна регулација на ГО што ќе го подобри прибирањето на ресурси (Ознака на доверба, интернет платформа и промоција, сервис за поврзување на ГО со бизниси, градење капацитет на ГО);
  • Активности за поврзување на бизнис секторот со ГО (Формирање бизнис клуб, едукација на компаниите, поставување на 3 програми);
  • Поттикнување на граѓаните да донираат во ГО (јавна кампања, редовно издавање на подлисток за филантропија во магазин).

Очекувани резултати:

  • Поставен систем што промовира и поттикнува донирање во 30 доверливи ГО;
  • Поставена инфраструктура за поддршка на ГО за локално мобилизирање на ресурси;
  • Подигнување на капацитетот на 50 ГО за соработка со бизниси;
  • Отпочнување со 3 иновативни програми за ГО-бизнис соработка;
  • Подигање на свест за придобивките од донирање во ГО.