odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Што претставува мрежата?

Македонска мрежа на глобалниот договор

Со над 12.000 учесници од бизнис и другите сектори од над 130 земји, Глобалниот договор е најголемата доброволна иницијатива за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) во светот. Прогласен од Кофи Анан во 1999 и официјално создаден на 26 јули 2000 година во ООН во Њуjорк, Глобалниот договор претставува иницијатива што ја храбри примената на општествено одговорни политики. Десетте принципи на кои се темели Глобалниот договор ги опфаќаат областите: човекови права, труд, животна средина и борба против корупцијата. Почитувајќи ги овие принципи приватниот сектор, како движечка сила на глобалниот развој, дополнително доброволно придонесува за развојот на општеството во коешто делува. Социјалните, политичките и економските предизвици ја отвораат потребата за тесна соработка помеѓу бизнис секторот, владите, цивилното општество и ООН. Глобалниот договор Глобалниот договор на ООН (UNGC) беше активиран во Македонија од страна на УНДП во декември 2004 година. Во моментов Македонската мрежа на глобалниот договор брои 49 компании, невладини организации и други членови. Ова е првата мрежа во земјата целосно посветена на подобрување на општествената одговорност на претпријатијата. Секретаријатот на Македонската мрежа на глобалниот договор се наоѓа во здружение Конект.

Придобивки од членувањето во мрежата:

  • Подобрување на бизнис односите и вмрежување;
  • Можност за соработка со други претпријатија, организации и здруженија на граѓани на теми поврзани со општествената одговорност на претпријатијата;
  • Учествување во заеднички меѓусекторски иницијативи и проекти посветени на соодветни општествени прашања;
  • Добивање поддршка за развој на општествено одговорни практики и за известување за истите;
  • Споделување информации, искуства, знаење и добри практики на локално, регионално и глобално ниво;
  • Учество на работилници, семинари и можност за менторство;
  • Вклучување во глобални иницијативи;
  • Промовирање на општествено одговорните практики преку електронскиот билтен на Мрежата.

Доколку сакате да бидете дел од Македонската мрежа на глобалниот договор на ОН обратете се во Конект на konekt@konekt.org.mk.