odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Цели за одржлив развој

Целите за одржлив развој (SDGs) претставуваат јасна визија за одржлива иднина и ќе создадат нова ера за бизнисите. Глобалниот договор на ОН презема водство во претворање на овие цели во двигатели за одржлив бизнис. Економски и социјални придобивки и придобивки за животната средина се приоритетите за целиот свет.

Во септември 2015, сите 193 земји членки на Обединетите нации усвоија план за креирање на подобра иднина за сите, определувајќи ја патеката за наредните 15 години, да се стави крај на екстремната сиромаштија, нееднаквоста, неправдите и да се заштити нашата планета. Целите за одржлив развој се основа на „Агендата 2030” и тие се лесно применливи во локалните контексти на заедниците.

Погледнете ги целите за одржлив развој и размислете што е приоритетно во нашиот контекст.

Да се стави крај на сите форми на сиромаштија секаде во светот;

Да се стави крај на гладта. Храната да биде сигурна, да и се подобри нејзината нутритивна вредност и да се промовира одржливо земјоделство;

Да имаме здрав живот и благосостојба кај сите возрасни категории;

Да обезбедиме инклузивно, еднакво и квалитетно образование за сите и да промовираме можности за учење во сите стадиуми на животот;

Да постигнеме родова еднаквост и да ги зајакнеме сите жени и девојки;

Да обезбедиме достапност и одржлив менаџмент на вода и канализација за сите.;

Да обезбедиме пристап до пристапна, одржлива и модерна енергија по пристапна цена за сите;

Промовирање на одржлив и инклузивен економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите;

Изградба на издржлива инфраструктура, промовирање инклузивен и одржлив индустријализацијата и поттикнување иновации;

Намалување на нееднаквоста меѓу земјите и внатрешно во нив;

Да ги направиме градовите и домовите инклузивни, сигурни и одржливи;

Да обезбедиме одржлива потрошувачка и производство;

Итно да се преземат мерки против климатските промени и нивното влијание;

Штедливо и оддржливо користење на океаните, морињата и други морски ресурси во насока на оддржлив развој;

Да ги заштитме, обновиме и да промовираме оддржлива употреба на копнените екосистеми, оддржливо менаџирање на шуми, намалување на опустинување, запирање на деградација на земјиштето и запирање на уништувањето на биолошката разновидност;

Промовирање на инклузивни општества на мирот за одржлив развој, да се обезбеди правда за сите и градење на ефективни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа;

Зајакнување на имплементацијата и ревитализирање на глобалнoто партнерство за одржлив развој.